| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ: Полска може да ја победиме, но не гарантирам

-Изминатите три натпревари ги сметам само како подготовка за тоа што не чека. Натпреварите против Полска и против Словенија се тие на кои ќе ја покажеме силата што ја поседуваме и можностите што ги имаме. Против Полска очекувам тежок натпревар. Против нив може да се игра, можат и да се победат, но ниту можам да го ветам тоа, ниту да го гарантирам. Во претходните натпревари покажавме континуитет во играта. Постигнавме добар резултат и можеме сите да бидеме задоволни Затоа следните две средби ги дочекуваме со доза на самодоверба. Полска е дефинитивно нашиот најтежок противник досега, кој игра дисциплинирано и креативно во нападот. Нема до ни биде лесно – вели „министерот за одбрана“ на Србија, Дарко Станиќ.

Голманот на српската ракометна репрезентација и на македонскиот ракометен клуб „Металург“ оваа изјава ја даде по добриот старт на репрезентацијата на Србија она СП 2013. Србија засега е со 100 процентен ефект во досегашните средби против Јужна Кореја, Белорусија и против Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top