Доколку има избори во Грција, ниту една од политичките партии нема да освои доволен број гласови, за да состави самостојна влада, изјави Дора Бакојани, влијателна пратеничка и поранешен министер од главната опозициска партија Нова демократија.
– Правилниот избор за Ципрас би бил да пристапи кон составување влада на национално единство, што де факто ќе владее уште две години, но најверојатно е тој да оди на предвремени избори, за да ги реши внатрешните проблеми на СИРИЗА, рече Бакојани.
Таа предупреди дека нови избори ќе имаат многу висока цена за земјата и оти за нив одговорност ќе сноси единствено сегашната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.