| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирана Ајфеловата кула: Дојава за бомба

Во последните неколку часови во Париз владее вистинска паника поради дојава дека можна е експлозија во една од најпознатите туристички знаменитости во светот, Ајфеловата кула.

Околу 1.500 туристи и вработени, вклучувајќи ги и лицата од обезбедувањето, биле евакуирани од кулата, откако непозната личност пријавила дека вечерва во оваа градба ќе се случи експлозија, пренесува “RT”. Полициската истрага е се уште во тек, но засега не се пронајдени никакви сомнителни уреди или пакети.

panika-pariz-ajfbomba-03

Овие закани следат накратко откако Ал Каеда ветила “одмазда” за француската интервенција во африканската држава Мали за борбата против исламските туристи. Лицето кое што се јавило рекло дека бомбата е поставена во непосредна близина на кулата и дека истата ќе експлодира во 21:30, меѓутоа до 22 часот во престолнината на Франција немало експлозија.

Иако досега во Париз имало бројни најави за бомби во Ајфеловата кула, која на годишно ниво е посетена од страна на 7 милиони луѓе, овој пат Франција во овој момент е особено претпазлива поради заканите од Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top