| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидна туристичка понуда од ИД: Дојдете и уживајте во пливање и сечење глави

Екстремистите на Исламската држава објавија на некои од своите интернет-страници ужасна брошура со која ги повикуваат туристите да дојдат да летуваат во нивниот калифат.

svet145-isis-1

Џихадистите ги повикаа луѓето да ги посетат нивните територии во Сирија и Ирак, со можност да ги гледаат погубувањата.

 

Покрај сечењето глави во болната понуда се нудат „фрлање хомосексуалци од згради, каменување жени, а и уживање во базени, море, но и сончање, но секако само за мажи“. Сите содржини се поткрепени со фотографии од џихадистите, на кои тие уживаат во скокови во вода и пливање. Исламистите тврдат дека туристите можат и „да уживаат“ во некои од погубувањата, доколку се заинтересирани, како и во разгледување и обиколка на разрушениот сириски град Рака.

Западните медиуми потсетуваат дека базените од брошурите не секогаш се користени за пливање. Имено, неодамна екстремистите на интернет се пофалија како дават група на несреќни затвореници од Ирак, кои претходно беа затворени во кафези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top