Популарната српска писателка Исидора Бјелица која ја води најтешката битка во животот во овие моменти, реши да се повлече од јавноста.
Секогаш ексцентричната и екстравагантнта Бјелица се наоѓа во Швајцарија каде што е на терапија. Бјелица боледува од рак.
– Извинете што ќе се повлечам од сите социјални мрежи, но мојата здравствена состојба не може да издржи толку злобни коментари кои деновиве беа напишани. Некој прашува од каде има пари мојата ќерка за фризура? Никој од тие ситни души кои ги интересира тоа прашање не знае дека фризурата, како и секогаш е подарок од нашиот најдобар фризер и пријател. Мене човечкото зло толку ме запрепасува и длабоко ме повредува. Затоа од денеска јас постојам само преку моите книги – напишала Бјелица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



