| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителен акт за сообраќајната несреќа кај „Зебра“

несрека
Основното јавно обвинителство – Скопје ја заврши истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, во која животот го загуби Сузана Тодоровска Павловска – новинар во Македонското радио.

-По завршената истрага, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 вв чл.297 ст. 1 од Кривичниот законик. Според наодите добиени од спроведените дејствија, обвинетиот во состојба на пијанство под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата. Во исто време со обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство – Скопје стави и посебен Предлог за продолжување на мерката – Притвор – стои во образложението на обвинителниот акт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top