| четврток, 6 декември 2018 |

За политичката определба виновни се и гените

гени

Идејата дека биолошките фактори можат да влијаат на политичката определба на луѓето, веќе со години ги интригира политиколозите и психолозите, а сега група научници во една студија објавена во во британското списание „Ројал Сосети“ тврдат дека постои врска меѓу генетиката и политичката ориентеција.

Поголемиот број од нашите особини, како што се бојата на кожата, висината или некои болести, зависат од нашите гени, а сега професорот Ричард Епстејн од Универзитетот во Сингапур и неговиот тим се обиделе да утврдат дали и нашата политичка ориентација кон левицата или десницата, кон конзервативците или либаралите, зависи од тоа што ни пренеле нашите биолошки родители.

Епстејн и неговиот тим ги анализирале гените на 1.771 студенти кои и припаѓаат на етничката група Хан, кој е најбројна во Кина, при што нашле докази за поврзаност меѓу една генетска варијанта и политичката определба.

Според нив, генот ДРД4, кој игра важна улога во преносот на допаминот, би можел да влијае на политичкиот избор на поединецот, а тоа е особено понагласено кај жените.

Десетици претходни студии потврдија поврзаност меѓу политичката ориентација и карактерните особини. Така, конзервативците сакаат ред и среден живот и се кохерентни во начинот на донесување одлуки. Либералите, од друг страна. покажуват подобро снаоѓање во нејасни и комплексни ситуации и полесно се прилагодуваат на неочекувани околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top