Инсомнија, односно проблем со спиењето често се поврзува со стрес или анксиозност, но едно ново истражување покажало дека причината може да биде генетска.
Меѓународен тим од истражувачи открил седум ризични гени кои се поврзани со пореметувањето во спиењето. Ова откритие може да доведе со изнаоѓање на лек за оваа состојба од која боледуваат голем број луѓе.
Мадона, Џорџ Клуни, Лејди Гага и Ким Катрал јавно говореа за тешкотиите со спиење ноќе.
Новото откритие објаснува дека различни гени се поврзани со несоницата кај мажите и кај жените. До неодамна се сметаше дека инсомнијата е психолошки проблем и е последица на депресија, тага или работа во смени.
– Често се сметаше дека причината за несоницата е во главата на пациентот. Ова истражување дава нови перспективи бидејќи ја објаснува вистинската причина – изјави специјалистот за пореметување во спиењето Еус Ван Сомерен од еден универзитет во Амстердам.
Истражувачите зеле ДНК примероци од 113.000 луѓе од Холандија и Велика Британија за да го истражат ова пореметување. Еден од ризичните гени кој е пронајден кај сите е МЕИС1 кој од порано се поврзува со пореметувањето во спиењето.
Станува збор за гените кои мутираат и предизвикуваат пореметување. Во истата студија откриено е дека одредени гени предизвикуваат анксиозно пореметување, депресија и лоша состојба.
Претходните истражувања откриле дека од инсомнија повеќе страдаат жените отколку мажите.
Научните веруваат дека ова откритие ќе го подобри разбирањето за инсомнијата како пореметување на неуронско ниво и ќе доведе до создавање на подобри лекови.
Скоро третина од луѓето има повремено или постојано проблем со спиењето што доведува до намалување на имунитетот, слабеење на организмот и разболување.
Студијата е објавена во журналот „Нејчер Џенетикс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.