Во близина на градот Јамбол во југоисточна Бугарија денеска избувна голем пожар, чиј фронт на ширење е во должина од околу четири километри, јави БТА.
Пожарот, кој избувнал околу пладне по локално време, зафатил сува трева и нискостеблеста и листопадна шума.
Во гаснењето на пожарот, кој се заканува да го зафати селото Валча, учествуваат противпожарни единици од Јамбол и околните градови, припадници на бугарската армија, како и еден хеликоптер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



