| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Наскоро почнува сеопфатна борба против ИД

Од турските воено-воздушни бази наскоро ќе почне „сеопфатна“ борба против џихадистите од Исламска држава. Акциите ќе ги предводат САД и коалицијата.

svet145-isis-1

Турција во минатиот месец одобри користење на нејзините бази за борба против ИД.

– Американски дронови и авиони пристигнуваат и наскоро почнуваме сеопфатна борба против исламска држава, изјави за ТРТ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Со САД постигнавме напредок во насока на отворање на базите посебно на Инџирлик, додаде тој.

Турција и САД работат на планови за обезбедување поддршка од воздух за обучените од САД сириски бунтовници и заедно да ги протераат припадниците на ИД од појас во северна Сирија што се простира на околу 80 км по границата со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top