Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер апелираше до лидерите на Европска унија да не даваат популистички изјави за мигранстаката криза.
– Во политиката има моменти кога не треба да се приклонуваме кон популизмот, во спротивно на крајот ние ќе станеме популисти. Но, некои избирачи, привлечени од упростените пораки на популистите, ќе гласаат за нив – истакна Јункер.
Тој наведе дека е разочаран од потешкотиите за постигнување на солидарност меѓу државите.
Јункер потенцира дека е многу загрижен од состојвите во Кале, Франција, каде илјадници имигранти се обидуваат да влезат во Велика Британија преку тунелот под Ламанш.
– Такватра ситуација ме доведува до целосен безизлез. ЕК е подготвена да помогне, прво на француската, а потоа на британската Влада, но досега не сме добиле конкретни барања – рече Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД