Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги.
– Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на одданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а во делот на плаќањето преку жиро сметка тоа ќе се биде вообичаено, информира денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Зависно од тоа колку ќе трае постапката во Собранието, Ставрески очекува најверојатно кон крајот на април или почетокот на мај законот да биде донесен со што за адвокатските услуги ќе стапат во сила постоечките закони за воведување фискален апарат за регистрација на готовинските плаќања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Политико“: За три месеци Трамп потрошил 300. 000 долари за адвокати
-
Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет за да ја извршува функцијата министер за финансии
-
Страврески: Како земја многу инвестираме во образованието кое со вештините се клучни фактори за развој
-
Ставрески: За неполни години се креирани нови 150 илјади работни места