ОН денеска соопштија дека е се поголем бројот на жени и деца кои се жртви на војната во Авганистан меѓу владините сили и талибанските бунтовници.
Во извештајот на светската организација се наведува дека во првата половина од годинава вкупниот број на жртвите се зголемил за еден отсто во однос на истиот период лани, но бројот на жените кои се повредени или убиени е поголем за 23 отсто, а кај децата за 13 проценти.
Големиот број на жртви, како што наведува ОН, настрадале од напади на владините сили во станбени населби.
Судирите во Авганистан траат речиси 14 години, а безбедносните силе во земјата самостојно се борат против талибанците, откако САД и меѓународните сили се повлекоа минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.