Често ги сонуваме оние што ни се најблиски, родителите или децата.
Ликот на таткото или на мајката во сонот честопати се појавуваат во време на неволја или тешкотии.
Кај мажите, соништата за мајката имаат подлабоко значење, бидејќи односот мајка-син е подлабок од оној мајка-ќерка. Но, жените ги сонуваат своите мајки почесто од мажите.
Мајките во соништата се појаваат во две крајности – како добри или како лоши. Ликот на мајката претставува како ја доживате во реалниот живот.
Ликот на таткото на сон има многу пошироко значење. Тој е разумен, односно посредник меѓу рационалното и духовното во животот. Го сонуваме нашиот татко кога сме во конфликт помеѓу она што тој го прави во животот и она што ние го правиме, особено кога сѐ уште се бараме себеси во животот.
Ако сонувате непознат старец или старица, се пренесува порака на големо искуство и животна мудрост. Денес, во модерните времиња, се потиснува значењето на постарите лица, но ако старецот на сон ви се јавува како белокос и голем човек, ви следуваат голема мудрост и промени.
Децата во соништата на родителите најчесто се појавуваат поради исклучителната приврзаност на родителите. Ако еден од родителите често го сонува своето дете, пак, треба добро да ја слушне пораката што се крие во сонот.
Често се сонува и непознато дете кое веќе има мудрост на возрасен. Детето може да биде носител на промени, став кон животот, а кога го толкувате најважно е да се истражат чувствата што ги предизвикал сонот.
Ако сонувате личност од спротивниот пол, особено вашите брат или сестра, мора да ја погледнете другата страна, вашата сенка и друго јас, која го претставува она што навистина сте.
Извор: 24 sata astro
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.