| четврток, 6 декември 2018 |

Ако ги сонувате овие работи, ќе бидете среќни!

Соништата повремено може да ни откријат работи за нашиот живот, а еве што конкрени појави во нашите соништа може да претставуваат:

Зајак – зајаците во соништата обично претставуваат среќа, брзина, плодност, бременост или магија. Зајакот може понекогаш да сугерира дека реагирате пребрзо на животните ситуации. Белиот зајак е верност и љубов, а ако видите како зајак скока околу вас значи дека децата ќе ви донесат многу радост.

Ѕвоно – своната во сонот означуваат возбуда или повик да го усмерите вниманието кон нешто. Ова е знак дека ќе се мажите или жените.

Заборавање – ако сонувате дека сте заборавиле нешто тоа може да биде знак дека сте заборавиле нешто важно и поради тоа потсвеста ве потсетува.

Зебра – да се сонува зебра често значи променливост во вистинскиот живот.

Земја – ако ја гледате земјата од космосот тоа е знак на ширење, успех и голема среќа. Да се сонува земја обично значи плодност.

Ѕид – ако сонувате дека се качувате по ѕид значи дека сте подготвени да ги поминете сите препреки и предизвици во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top