Американски воени авиони и беспилотни летала почнаа да пристигнуваат во турските воздухопловни воени бази, а наскоро ќе биде покрената сеопфатна акција против џихадистите од Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Властите во Анкара на крајот на јули и официјално го одобрија користењето на турските воздухопловни бази за американски и коалициски авиони што учествуваат во борбата против ИД, потсетуваат британските медиуми.
-Во согласност со нашиот договор со САД, остваривме напредок кога станува збор за отворањето на нашите бази, посебно базата Инџирлик- рече Чавушоглу за турската телевизија ТРТ.
-Гледаме дека почнаа да пристигнуваат американски авиони и дронови, а наскоро сите заедно ќе почнеме сеопфатна акција против Исламска држава – изјави турскиот министер во текот на посетата на Малезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



