Висок претставник на владејачката партија СИРИЗА во Грција ја повика денеска својата партија да се обедини зад новиот спасувачки договор со меѓународните кредитори и да ги постави интересите на земјата на прво место, пренесе БТА.
Никос Филис, парламентарен портпарол на СИРИЗА, исто така изјави дека Грција не сака привремен кредит, кој ќе и помогне да ги плати долговите, туку бара целосен договор, така што ќе може да ја добие првата транша од 25 милијарди евра од новиот договор.
– Сакаме да биде потпишан конечен договор и во него да видиме што е потребно, за да и бидат префрлени на Грција 25 милијарди евра, како прва транша од големиот кредит, побаран од земјата- додаде парламентарниот портпарол на СИРИЗА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција