Вицепремиерот Владимир Пешевски вчера информираше дека се донесени заклучоци од специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово.
-Во доцните вечерни часови екипи на Владата на Република Македонија извршија посета на терен каде што директно се запознаа со состојбите и што е она што се случува таму. А направена е и средба со градоначалникот на Тетово – појасни Пешевски.
Тој подвлече дека од тоа што е утврдено на вчерашната седница на Владата е дека уште во текот на раните утрински часови како резултат на таа посета има одговор од страна на сите институции и беа превземени низа на чекори и мерки со цел да се надмине состојбата која што беше предизвикана од елементарната непогода.
– Се ангажираше сета потребна тешка градежна механизација за на терен да се расчистуваат патиштата да се санира инфраструктурата и да се обезбеди пристап до населените места. Уште во текот на ноќта беа доставени првите количини на вода за пиење на местата каде што имаше потребна, создадени се и залихи од вода за наредниот период бидејќи во некои од овие населени места има целосен прекин на водоводната мрежа, а некаде има и индикации дека можеби водата не е употреблива за пиење – додаде Пешевски.
Биле доставени и определени количини на храна, а екипи на Брза помош уште од вечерните часови биле лоцирани на пунктовите.
-Во текот на денот по одржаната вонредна седница на Владата која што беше посветена единствено на состојбата во Тетово и во тетовско. Според првичните информации кои беа доставени до Владата а кои беа доставени од сите релевантни институции како што се Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвен крст, беа повикани и градоначалниците на општина Тетово, релевантни министерства, пратеници од тој регион, Управата за хидрометеоролошки работи. Од сите тие информации заклучено е дека има оштетување на приватен и државен имот, земјоделско земјиште, како и оштетување на државната и општинската инфраструктура – информираше Пешевски.
Во името на Владата тој изрази искрено сочувство на семејствата на жртвите, кои бројат 4, а по едно лице се трага.
Пешевски информираше дека на состанокот било заклучено дека државата ќе интервенира за да помогне во санирање на штетите, на државниот како и на приватниот имот. Формирана е специјална Владина Комисија која веднаш излегла на терен, а во рок од 1-2 дена ќе изврши процена за тоа каде е направена штета, при што ќе биде направен список на семејства.
– Првично ќе се изврши пребројување на сите семејства кои се зафатени од невремето кои веднаш ќе добијат еднократна парична помош во висина од 30 илјади денари по семејство. Истата Комисија ќе продолжи да врши проценка на целото оштетување на теренот на поплавите за кое што ќе биде утврдена и висината на штетата како и помошта која ќе ја додели Владата – рече Пешевски.
Првичната проценка е дека се зафатени повеќе од 200 објекти каде што има значителна штета. Aгенцијата за конфискуван имот ќе додели помош во опрема, обувки, алишта, сето она што стои на располагање во агенцијата.
-Ќе биде отворена и посебна сметка за донации за собирање на финансиски средства за што ќе информираме во текот на денот – рече Пешевски.
Пешевски информираше дека е формирано и посебно координативно тело, каде се вклучени сите релевантни владини институции, кое ќе се грижи за санација од поплавите и тоа во што е можно покус рок и на што е можно поефикасен начин.
Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи информираше дека сите општински екипи веднаш биле на терен и било веднаш интервенирано за да се намалат последиците.
-Размерите на несреќата се многу големи и со него не може да се носи сама една општина за нас е од голема важност што Владата денеска ја одржа оваа седница и ги донесе овие заклучоци. Затоа што на овој начин, координирано и заеднички можеме да им помогнеме на нашите граѓани кои се зафатени со оваа несреќа – порача Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките