| четврток, 6 декември 2018 |

Кери и Лавров ќе разговараат за алијанса против ИД

­ Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне денеска во Куала Лумпур со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој работи на тоа да се поттикне договор меѓу Сирија и земјите од тој регион за основање алијанса за борба против џихадистите на Исламска држава.

jon keri sergej lavrov

 

Кери и Лавров на маргините на самитот на Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија ќе „разговараат за низа прашања од заеднички интерес“, најави неименуван висок претставник на Стејт департментот, не наведувајќи повеќе детали.

Официјална Москва работи на тоа сириската Влада и земјите во тој регион, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, да воспостават алијанса за борба против милитантите на ИД, кои зазедоа поголеми делови од сириската територија за време на граѓанската војна меѓу силите на сириската влада и бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top