фото: Блиц
Во близина на тунелот Стражевица во белградскиот кварт „Петлово брдо“ утрово експлодира гасовод. За среќа нема повредени во експлозијата.
Пламенот беше висок 30 метри, но не предизвика опасност за населението, бидејќи првите куќи се на околу еден километар од местото на пожарот.
Четири противпожарни возила на „Србијагас“ со 15 пожарникари учествуваа во гаснење на огнот.
Причина за експлозијата е дефект во гасниот систем на магистралниот гасовод МГ-05 крај Ибарската магистрала, јави Танјуг.
Поради хаваријата без гас денеска ќе останат две села во непосредна околина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.