Воена делегација од САД, предводена од генерал Вилијам Фрејзер Трети, која престојува во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јолевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ.
Посетата на американската делегација на Македонија е во рамки на програмата КАПСТОН.
Целта на посетата е идните лидери на воените сили на САД да се запознаат со РМ и да ги разгледаат можностите за развој на соработката меѓу двете држави, соопшти Министерството за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.