Британката Џен Бенет (67), која пред два месеца се преселила во селото Маломир во Бугарија, во четвртокот е силувана, па убиена, а убиецот потоа се обидел да го запали нејзиното безживотно тело.
Јагленосаното тело било најдено на 200 метри од куќата во која таа живеела со својот сопруг, кој сега закрепнува од шлогот што го доживеал.
Според нејзините пријатели, Британката се жалела дека ја прогонува нејзиниот сосед, Иван Георгиев (40). Бугаринот бил приведен набрзо по злосторството и се води како главен осомничен.
– Сите ја предупредувавме да не оди во Бугарија поради високата стапка на криминал. Неколкупати ми се пожали дека тој човек ја вознемирува, но никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до ова -вели пријател на жртвата.
Џен, пред да се пресели во Маломир, живеела во турскиот град Алтинкум. Откако го победила ракот, живеела со полна пареа, велат пријателите. Бугарските медиуми пренесуваат дека на обдукцијата било утврдено дека на телото на жртвата има траги од клоци и од удари со тежок предмет. Откако нејзиниот сопруг дознал за смртта на Џен, бил префрлен во болница во состојба на шок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.