| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на грчките станови допрва ќе паѓа

Цените на станбените објекти во Грција во вториот квартал годинава паднаа со поголема стапка во однос на првиот квартал. Падот на цената, како што пренесуваат грчките медиуми е последица на повторното влегување на Грција во рецесија која се одрази на примањата на домаќинствата и вработувањата.

Најголем дел од богатството на грчките домаќинства е во недвижности, а Грција е една од земјите која има најголема стапка на сопствеништво над станбени објекти во Европа, 80% во однос на просечните 70% во Европската унија, според податоците на Европската хипотекарна федерација, пренесува Ројтерс.

Според податоците на Централната банка на Грција, цената на становите во вториот квартал од годината бележи пад од 5,6% во однос на истиот период лани, додека годишната стапка на падот на цената на становите во првиот квартал изнесуваше 4,1%.

Како што наведува Ројтерс, поевтинувањето на недвижностите во Грција почна да се намалува откако го достигна дното од 10,8% во 2013 година до првиот квартал од 2015 година.

Од врвот на должничкта криза во 2008 година цената на станбените објекти во Грција се паднати за 40,5%, наведува Ројтерс и додава дека пазарот на недвижности е погоден со високиот данок на имот кој владата го воведе за пополнување на буџетскиот дефицит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top