Јувентус го порази Интер во „Дербито на Италија“ и сигурно чекори кон новата титула во Серија А. „Старата дама“ од Торино, славеше со головите на Квалјарела во третата минута, и на Матри во 60. минута. Паласио беше прецизен за Интер, недоволно барем за еден бод за домаќините во Милано.
szólj hozzá: Inter Milan vs Juventus 1:2 GOALS HIGHLIGHTS
Победи и Лацио со 2-1 против Катанија, а од конкурентите за пласман во Лигата на шампионите, следната сезона, поразени се Рома од Палермо со 0-2 и Фиорентина на гостувањето кај Калјари со 1-2.
Без голови завршија натпреварите Удинезе – Болоња, односно Аталанта – Сампдорија. Парма ја растури Пескара со 3-0 и ја остави на дното на табелата со 21 бод и исто толку порази, што е рекорд сезонава во Италија. Бодовите ги поделија Џенова и Сиена (2-2) во најефикасниот натпревар од 30. коло, попладнево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја