
Дневниот весник „Фокус“ вчера не се најде на продажните места. Според најавите нема да излегува до понеделник.
Одлуката за судбината на дневниот весник ќе се донесе идната недела. Ова се случува по трагичната смрт на неговиот основач и сопственик, новинарот Никола Младенов.
Според инфорамциите, наследниците на Младенов одлучиле излегувањето на дневниот весник да го стават во привремено мирување.
Една од поголемите пречки пред кои сега се исправени сопствениците на дневниот „Фокус“ се тужбите кои се поднесени против нивните новинари, уредници и секако досегашниот сопственик. Со веќе поднесените тужби од „Фокус“, во граѓански парници, се бара надомест на штета од 75.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


