
Во пресрет на првата годишнина од грозоморното петкратно убиство кај Смилковското езеро, семејствата на загинатите денеска одржаа помен на гробиштата во скопската населба Радишани.
Присуствува голем број на роднини и пријатели. Децата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани, како и Борче Стефковски од Црешево без никаква причина беа убиени на 13 април минатата година, неколку дена пред големиот христијански празник Велигден.
За убиството се обвинети петмина, против кои од декември се води судски процес. Тој започна без двајца од тројцата директни извршители, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои беа до почетокот на месецот беа во бегство на Косово.
Сега тие се наоѓаат во притвор и се чека нивна екстрадиција. Во близина на местото на кое беше извршено убиството пред неколку недели беше поставен камен-темелник за изградба на црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


