Долгата рака на пропагандата на Скопје стигна и во детска емисија од Канада, коментираат денеска некои грчки медиуми, пренесе МИА.
Се работи за детска емисија која вчера е емитувана на вториот канал на националата телевизија ЕРТ. Деца играат во двор во кој во позадина се гледа знаме кое наликува на националниот симбол на Македонија.
Грчките информативни портали информираат дека се работи за емисија која била во канадскобританска копродукција, „субвенционирана од страна на даночните обврзници на Онтарио“.
– Одговорните во ЕРТ соопштија дека не забележале каква пропаганда се прикажува во детските емисии – јавуваат грчките медиуми кои побарале објаснување од националниот сервис и се лутат на неговата „неодговорност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



