Во завршни преговори се Рома и Манчестер Сити за трансфер на босанскиот напаѓач Един Џеко во редовите на „римската волчица“. Тоа треба да се официјализира до крајот на оваа недела, а сумата која се спомнува во италијанските медиуми би изнесувала 18 милиони евра и плус дополнителни шест во вид на бонус.
Еден мал дел од овие пари, но многу значајни би му припаднале на босанаскиот тим Железничар каде Џеко ги направи првите фудбалски чекори.
Имено, клубот од “Грбавица” од продажбата на фудбалерот во “римската волчица” ќе инкасира 650.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


