| четврток, 6 декември 2018 |

Изгаснати три пожари во Кумановско

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на три пожари.

pozarstug

 

Како што соопшти денеска РЦУК Куманово, тројца со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева во населбата „Перо Чичо“, додека после еден час, четворица нивни колеги интервенирале на запалено стрниште на површина од пет хекатри во кумановското село Романовце.

Пожарот бил локализиран. Интервенирано на опожарена сува трева со површина од 2.000 метри квадратни во Новосељане.

Во гаснењето биле вклучени четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top