| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија е исцрпен и побарал тајм-аут за медицинските прегледи

anhel di marija

Трансферот на Анхел ди Марија од Манчестер јунајтед во Пари сен Жермен ќе се оддолжи за неколку дена, бидејќи аргентинскиот фудбалер побарал да бидат одложени лекарските прегледи.

Ди Марија уште вчера рано наутро пристигнал во Доха, каде се сретнал со раководството на ПСЖ и ги договорил личните услови, но поради долгиот пат до Катар не бил во можност да ги мине лекарските прегледи.

Во Катар за таа цел пристигнал и Ерик Роланд, главниот човек во медицинската служба во ПСЖ. Тој треба да даде зелено светло за трансферот и Ди Марија што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Лорен Блан.

Клубовите претходно се договорија ПСЖ да плати 44 милиони фунти за услугите на аргенинскиот интернационалец, додека Ди Марија ќе потпише четиригодишен договор за плата од над 200.000 евра неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top