Патниот правец Тетово – Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.
Како што соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце и обратно.
Надојдената вода на Вратничка Река, пак, целосно го оштети мостот што сообраќајно ги поврзува селата горно Орашје и Нераште.
Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.