Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар од Охрид, вечерва со почеток во 20 часот, ќе ја изведе претставата „Малограѓанска свадба“.
Претставата е според текст на Бертолд Брехт, а во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб,младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина,сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер,младичот.
Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза и е наменета само за возраст над 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.