Поради обилните врнежи од дожд кои се случија попладнево во Прилеп, каде наврнаа повеќе од 40 литри на метар квадратен во период од половина час, претседателот на Кризниот штаб, Никола Димески свика итна седница каде беа согледани и констатирани штетите, соопштија од општината.
Во надлежните институции поднесени се околу 40 пријави од граѓани за поплавени објекти и улици. Екипи од надлежните институции работат на терен по што во најголем дел санирани се штетите.
Од општина Прилеп информираат дека ситуацијата ќе се следи и во текот на ноќта и ќе се интервенира доколку има потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.