| четврток, 6 декември 2018 |

Во прекин сообраќајот на патните правци Тетово-Јажинце и Тетово-Попова Шапка

цегранеПоради излевање на реката во село Доброште по обилните врнежи во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради свлечишта и камења на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини Богородица и Табановце има задржување околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопштија од АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top