Колона од излезот на автопатот од Гостивар кон Кичево до селото Колари после превојот Стража во моментов ги вознемирува возачите кои се враќаат од продолжениот викенд во туристичките места низ Македонија. Колоната е долга десетици километри, а сообраќајот е затворен во правец од Гостивар кон превојот Стража. Според неофицијални информации се работи за сообраќајна незгода која се случила на излезот на автопатот Гостивар во правец кон Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.