| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица починале од легионерска болест во Њујорк, 55 примени во болница

legionarska bolestОд средината на јули четири лица од Њујорк починале од таканеречната Легионерска болест, додека 55 се примени во болница, соопштија француските медиуми.

Вкупно 71 лице страда од оваа форма на пневмонија, предизвикана од бактерија, што била откриена во климатизерите на неколку згради во јужниот дел на њујоршкиот кварт Бронкс, информираа здравствените власти.

Властите извршиле инспекција на 22 згради и зеле мостри од 17 системи за ладење. Пет од нив биле дезинфицирани, откако било утврдено присуството на бактеријата.

Градската управа на Њујорк информира дека системот за водоснабдувае на градот не претставува опасност, така што луѓето можат спокојно да ја пијат водата од чешмите, пренесе Си-Ен-Ен.

Легионерската болест, или легионелоза, е тешка белодробна инфекција, предизвикана од бактеријата, што најмногу се шири во градските цевоводни системи за топла вода и системите за климатизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top