| четврток, 6 декември 2018 |

Сто жртви од поплавите во Пакистан

Во последните три недели во поплавите во Пакистан загинаа над 100 лица, соопштија властите кои стравуваат дека уште поројни дождови може да зафатат поголеми површини и населби, пренесе ДПА.

pakistan

Националната управа за справување со природни несреќи соопшти дека поплавите досега го однеле животот на 109 лица и зафатиле уште 700 000.

Воени инженери ги поправаат патиштата и мостовите во планинските северни региони за да им помогнат на спасувачите да стигнат до луѓето кои со недели веќе се без никаква помош.

Метеоролошката служба информира дека реката Инд се прелеала на неколку места во јужната провинција Синд, и предупреди дека се очекуваат уште дождови.

Според пакистанските власти, во последните два дена од брегот на реката Инд биле евакуирани приближно 350.000 лица.

Минатата година во текот на сезоната на монсуни, што трае од средината на јули до крајот на август, во поплавите загинаа речиси 400 лица и беа уништени илјадници акри со посеви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top