Шарлиз Терон посвои второ дете – новородено девојче од афроамериканско потекло со име Огуст.
Актерката работела со агенција за посвојување во текот на повеќе од шест месеци, објави сајтот “Холивуд Лајф”.
Огуст веќе има поголем брат – роден во ЈАР, Џексон, кој беше посвоен од актерката во 2012 година.
Терон го одгледува Џексон како самохрана мајка, иако во последната година и пол имаше врска и дури беше свршена за Шон Пен.
Тие двајцата се разделија во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



