| четврток, 6 декември 2018 |

Драгасакис: Грчката економија ќе се подобри во втората половина од 2016 година

yiannis-dragasakis-Економскиот пад на Грција годинава може да достигне од четири до пет проценти од бруто домашниот производ ако не се преземат мерки против рецесијата, изјави грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис во интервју за весникот „Рилњуз“.

Тој наведе дека заживување на економијата може да се очекува во втората половина од 2016 година.

Драгасакис одговарајќи на прашањето како може да се ограничи рецесијата посочи дека потпишувањето на договорот со кредиторите за третата транша во висина од околу 86 милијарди евра и со рекапитализација на банките ќе помогнат во елиминирањето на несигурноста во економската сфера.

Грчките банки имаат голем број ненаплатени кредити и во последните месеци изгубија 48 милијарди евра поради масовното повлекување на депозиите од страна на физичките и правните лица, Потребни се околу 25 милијарди евра за рекапитализација на банките. За да се спречи крах на грчкиот банкарски систем на 29 јуни беше воведена контрола на капиталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top