| четврток, 6 декември 2018 |

Со нелегални трансакции од шест различни картички кумановец украл 681.706 денари

Сопственик на туристичка агенција од Куманово заработил кривична пријава затоа што лани во март и април употребил лажни платежни картички на кои вметнал нелегално пријавени банкарски податоци од вистински платежни картички на странски државјани.

Притоа, на терминал на домашна банка кај неговата туристичка агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ во Куманово извршил 10 нелегални трансакции со шест различни картички и украл 681.706 денари.

Во целата оваа операција бил замешан и М.Н. од Скопје, организатор на криминална група, кај кого биле пронајдени три ПОС терминали на три различни домашни банки за кои по извршените проверки било утврдено дека биле инсталирани токму во ТА “Талија Травел Трејд ДООЕЛ“. С.Б. е во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top