Четири лица загинаа, а повеќе мина се повредени во синоќешната тешка сообраќајна несреќа во близината на Роан, Франција, јави МИА од Париз.
Несреќата се случила кога возилото од марката „Цитроен-Берлинго“ околу еден часот по полноќ излетало од патот. Во него се наоѓале 14 лица, наместо дозволените пет на возраст од 15 до 17 години.
Повредените се наоѓале во тешка здраствена состојба.
Возилото се движело по полски пат полн со кривини, а возлилото по излегувањето од патот се превртило повеќе пати, а наводно и возачот бил малолетник.
Истражните органи работат на откривање на сопственикот на возилото и зошто толку лица се наоѓале во него. Се врши и контрола на алколхолот или користење на наркотични средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.