| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Израел по нападот на еврејските екстремисти

ultraevrejИлјадници луѓе синоќа демонстирираа во Тел Авив и во Ерусалим против „поттикнувањето на насилството“ по нападот на еврејските екстремисти врз хомосексуалците и Палестинците.

Во петокот еден Евреин со нож избоде шест учесници на геј парадата во Ерусалим. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Неколку часа подоцна еврејски екстремисти запалија дом на Палестинец на Западниот Брег при што почина 18-месечно бебе, а неговите родители и братот се тешко повредени.

Еден од организаторите на протестите ја повика израелската Влада да преземе одлучна акција против доселениците и веднаш да започне мировен процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top