| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган во Пакистан бара поддршка против ИД

erdogan pakistanТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  побара поддршка од лидерите на другите муслимански држави во офанзивата против џихадистичката Исламска држава. Тој бара да се затворат каналите и патиштата по кои екстремистите пристигнуваат во Турција, изјави неименуван пакистански претставник.

Тој тврди дека Ердоган побарал помош од лидерите на Индонезија, на Малезија и на Пакистан. Турскиот претседател по посетата на Индонезија синоќа го посети Пакистан  и имаше средба со премиерот Наваз Шариф.

Ненајавената посета се случува неколку дена откако турски воени авиони почнаа напади врз позициите на ИД во Сирија.

Владата на Ердоган често е критикувана дека ги толерира илјадниците екстремисти од целиот свет кои преку Турција пристигнуваат на боиштата во Сирија и во Ирак.

Според неименуваниот пакистански претставник Ердоган е одлучен да ја ослободи Турција од заканата од исламскиот екстремизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top