Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра натпревар со репрезентацијата на Австрија во рамките на Европската лига.
Вчера македонските одбојкари успеаја да остварат победа од 3:0 во сетови над Австрија, а селекторот Жарко Ристоски по натпреварот изјави дека е задоволен.
– Задоволен сум од прикажаното. Ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава во Европската лига. Тоа што денеска го прикажавме вреди многу пред се за самодовербата. Првите два сета ги одигравме беспрекорно и на високо ниво, а ривалот имаше и многу сервис грешки. Но, утре ќе биде потешко да се стигне до победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Скандал на Медитеранските игри: Македонските одбојкари избркани поради недолично однесување