| четврток, 6 декември 2018 |

Која е најздравата билка на светот?

Иако започнала да се одгледува уште пред три илјади години во областа на Андите, киноата е намирница која дури сега ги доживува своите пет минути на слава. Интересно е тоа дека киноата се смета за една од најздравите намирници на сите времиња, а во 2013 година е прогласена за меѓународна година на киноата.

kinoa-tohumu

Киноата е намирница која се готви и консумира слично како житариците. Сепак, таа не е житарица, а повеќе му е сродна на спанаќот, блитвата и репката. Она што се јаде од оваа билка е семето кое се вари како оризот и нема глутен.

Оваа намирница е особено здрава бидејќи претставува единствен извор на протеини, поточно ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини, за разлика од другите житарици кои содржат најмногу три, па затоа ја нарекуваат комплетен извор на белковини. Интересно е дека, на пример, содржи повеќе калциум од млекото и повеќе протеини од месото.

Боливиските полјоделци тврдат дека никогаш не се болни бидејќи консумираат киноа од која прават леб, алкохолен пијалак кој се нарекува „враќање на силата“, супи и колачи.

рното од оваа билка содржи 12% белковини, 5% масти, 63% јагленихидрати. Содржи и драгоцени витамини, меѓу кои се посебно важни Б1, Б2 и Е. Поради разновидниот минерален состав, каде највпечатливи се железото и фосфорот, киноата се смета за супернамирница.

Од повеќето видови најкомерцијални се белата, црвената и црната киноа

Иако се вбројува во зрнеста храна која потекнува од трева, киноата ботанички припаѓа на фамилијата на спанаќот. Една чинија варена киноа има околу 160 калории кои потекнуваат од јаглехидратите и квалитетните белковини, богати со вредните состојки лизин и метионин. Интересно е дека содржи и албумин, протеин кој примарно се добива од белката.

За варење на киноата е потребно далеку помалку време отколку за другите житарици. Се вари за 15-тина минути, но важно е добро да се измие претходно за да се отстранат сапонините кои се наоѓаат во надворешната обвивка. Може да се јаде како топло или ладно јадење, а убаво се комбинира со зеленчук во салата или како тесто во супа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top