| четврток, 6 декември 2018 |

Свежиот капитал го носи Витсел во Милан?!

Со официјализирање на договорот меѓу новиот акционер Би Таекабул и Силвио Берлуксони со кој треба да влезе нов капитал за нови трансфери во висина од 100 милиони евра, Милан се очекува да ги интезивира преговорите со Зенит со Аксел Витсел.
Српскиот стручњак и нов тренер на Милан Синиша МИхајловиќ јасно стави до знаење дека посакува уште тројца играчи во тимот за следната сезона. Покрај Витсел, Михајловиќ ги посакува и Ромањоли и Ибрахимовиќ.
Управата на рускиот клуб инсистира на 40 милиони евра обештетување за Витсел, а Милан досега доставил понуда од 25 милиони. Сепак со влегувањето на свежиот капитал, во брзо време се очекува официјализирање на договорот.

Медиумите од Италија тврдат дека „росонерите“ ќе испратат нова понуда (30 милиони евра + бонуси), и се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик за фудалерот. Витсел во Зенит дојде од Бенфика, и Русите за него платија 40 милиони евра, па нормално е дека не сакаат да го продадат за помала цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top