Најавата на министерството за здравство дека штипска клиничка ќе прерасне во регионален центар е во насока на подобрување на квалитетот на здравствената заштита и подобри услови за пациеентите, тврдат од болницата.
Тоа значи дека ќе бидат воведени нови методи на лекување кои досега се вршеа само во клиниките во Скопје, што само по себе ќе го намали бројот на упатите за пациентите, кои ќе заштедат и време и пари. За подигање на зравствениот стандард 10 доктори ќе бидат испратени на до едукација.
– Двајца доктори на субспецијализација за дигестивна хирургија, субспецијализација-гастро-двајца доктори, веќе се тргнати на обука за ЕКГ, двајца доктори и торокална хирургија, еден доктор-изјави Елизабета Папарова, финансиски директор на Клиничка болница- Штип во изјава за „Сител“.
Двајца лекари од нервното одделение ќе заминат на обука за ЕЕГ и ЕМГ, а од интерната област еден лекар ќе се обучува за работа со апаратот за дезинтометрија. Папaрова додава дека хоспитализираните пациенти горештините полесно ги поднесуваат, зашто во моментот 80 отсто од просториите се климатизирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.