| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на Илинден во Скопје, Иванов во Крушево, Вељаноски во Пелинце

Македонија утре го слави Илинден, празникот со најголемо значење за националната историја.

Ilinden-10-2013

Пред точно 112 години во ноќта спроти Илинден, 800 востаници го ослободија Крушево од отоманскиот окупатор. Два дена подоцна Никола Карев ја прогласи Крушевската република и стана нејзин претседател.

Републиката траеше само 10 дена, но нејзиното значење во македонската историја е огромно, претседателот Ѓорге Иванов ќе обрати на утрешниот сенароден собир на Мечкин камен. Во Крушево веќе се пристигнаа традиционалните коњаници од илинденшкиот марш, а манифестацијата ќе трае 10 дена.

Читриесет и една година по Илинденското востание, на втори август 1945 година, во манастирот Св. „Прохор Пчински“ се одржа заседанието на  АСНОМ. На него 115 делегати го удрија темелот на современата македонска држава во склоп на СФРЈ.  Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски утре ќе присуствува на прославата во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

За Претседател на президиумот на АСНОМ делегатите го избрале Методија Андонов Ченто, премиерот Никола Груевски ќе биде присутен на прославата во Скопје, пред споменикот на Ченто на плоштадот Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top