| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Ван Гал се откажува од Давид Де Хеа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луис Ван Гал побарал од челниците на „црвените ѓаволи“ да започнат нова рунда преговори со Реал Мадрид околу продажбата на шпанскиот голман Давид Де Хеа. Јунајтед не сака да ја спушти цената под 40 милиони евра, а токму Ван Гал беше тој што сакаше голманот да остане во тимот. Откако Реал Мадрид го олади интересот и е подготвен да чека една година додека му истече договорот на Де Хеа со англискиот тим и да го добие без обештетување.

– Сметам дека нема поента да се чува незадоволен играч во своите редови. Очигледно е дека Давид сака да оди во Реал, па иако е професионалец и работи напорно за време на тренинзите, ова е ситуација од која никој нема корист. Треба да се седне на маса и повторно да се разговара – изјави Луис Ван Гал.

Во меѓувреме Холанѓанецот го ангажираше Ромеро од Сампдорија па се очекува токму аргентинскиот чувар на мрежата да ја има улогата на прв голман на Манчестер Јунајтед доколку Де Хеа си замине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top