Ајде цела Македонија да помогне на нашиот брат Пеце. Владимир Блажев – Панчо ги повикува сите да помогнат во борбата против ракот на крлицата на 32-годишниот битолчанец Пеце Роговски.
– Ние како ДНК сме спремни да одржиме хуманитарен концерт во Битола доколку некој “газда” ни обезбеди соодветен Саунд , Стејџ , Простор и превоз за целиот Бенд !!!! Ајде да направиме сите да го дигнеме Пеце на нозе и да направиме неговата МАЈКА да се смее наместо да лее солзи од дното на душата !!!!! Сите Битолски ЧАУШИ нека се свестат и нека направат еден голем хепенинг и веднаш да го пратиме Пеце во Турска – вели Панчо.
Малигниот тумор на бутниот мускул, го прикова за кревет Роговски, кој два месеца живее во големи болки.
Првите знаци на болеста кај Пеце се појавиле пред две години. Поминал две операции и хемотерапија, но болеста се врати . Повторно да го оперираат , единствено се согласиле лекари од Турција, за што се потребни 54 илјади евра, а семејството нема толку пари.
Другарите на Пеце, започнаа акција за собирање пари за операција. Во Битола се организираа неколку хуманитарни концери, отворени се жиро сметки, телефони за донации. Досега се собрани околу 10 илјади евра, но и тоа е далеку од потребната сума за лекување на Пеце во болницата во Истанбул.
ПОМОГНЕТЕ И ВИЕ!
290500007892819
ТТК Банка
Stopanska Banka A.D. Skopje
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.